Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во „Топ тема“ на телевизија „Телма“, каде што говорејќи за СДСМ и политичката криза спомна дека тие не смогнаа ни храброст да ги осудат антимакедонските изјави на Рама и Бушати, но и на нивниот иден коалициски партнер Села, кој, исто така, неколку пати имаше антимакедонски изјави.
– СДСМ никогаш не излезе јавно да каже дека не ја прифаќа платформата, факт е дека СДСМ не собра храброст да ги осуди изјавите на премиерот на Албанија, Рама и на министерот на МНР, Бушати, коишто велат дека во Македонија живеат Славомакедонци, како што не собра храброст да ги осуди изјавите на нивниот нов коалициски партнер, кој кажа дека во Македонија пред 100 години немало Македонци и да собере храброст да му каже дека во општина Струга, каде што 4 години е градоначалник, нема веб-страна на македонски јазик, се отвора мост нема обраќање на ниеден друг јазик освен на албански, од 40 нови вработувања во општина Струга, само еден е Македонец и целосно се газат правата на Македонците таму – рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.