Тешка сообраќајна незгода рано утринава направи метеж на фреквентната крстосница меѓу булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ и улицата „Никола Карев“. Очевидците сведочат дека воздушните перничиња биле отворени, а „фолксвагенот“, најверојатно поради неприспособена брзина, доаѓајќи од улицата „Беласица“, закачил во жардиниерата и се превртел.
фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.