| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос сака војна во Србија: Откриени детали за неговиот план кај соседите

139055_soros21_f

Озлогласениот милијардер Џорџ Сорос, познатиот финансиер на таканаречените обоени револуции и човек кој стои зад војните во Либија, Сирија, но и зад кризата во Македонија, им наложил на своите платеници во Србија по секоја цена да предизвикаат хаос во Белград и во другите српски поголеми градови каде што веќе се започнати протести како оние во нашата земја. За финансирање на овие негови „спонтани“ револуции кај северниот сосед тој одвоил околу 10 милиони евра, пишува Информер.рс.

Поради ова, стигнало и предупредувања до српските безбедносни служби на крајот на минатата недела од руските колеги, наведува порталот.

Се оди по познато сценарио

Како што се наведува во рускиот допис, кој бил испратен една недела пред да се одржат претседателските избори во Србија, странски агенти иСоросовите платеници ќе се обидат мирната предизборна ситуација да ја претворат во „постизборна криза“ во која лидерите на опозицијата, таканаречените независни интелектуалци и новинари кои се под контрола на Западот, ќе креираат атмосфера во која насилните судири ќе бидат неизбежни.

– Ќе се обидат да извршат рана делегитимизација на изборниот процес и да го оспорат резултатот на Вучиќ. Каков и да биде резултатот, тие ќе тврдат дека се случил изборен грабеж. Во протестите ќе се злоупотребуваат студентите и луѓето кои се плаќаат преку фондовите на Сорос за отворено општество.

Beograd, Srbija - 03. april 2017: Više hiljada mladih ljudi, organizovanih preko društvene mreže Facebook, okupilo se danas u Beogradu da protestuje protiv pobede Aleksandra Vučića na izborima za predsednika Srbije ( Miloš Miškov - Anadolu Agency )

– Цeлта на овие протести е да се испровоција прекумерна реакција на полицијата за потоа демонстрантите да бидат искоритени како доказ за недемократски режим и диктатура – стои во дописот на руските разузнавачи во кој бил и наведен список од 50-тина активисти кои ќе бидат задолжени за предизвикување хаос, наведува Информер.

Само ден по изборите во Белград и уште неколку градови почнаа да се одржуваат „спонтани“ протести на младите, точно како што предвидува сценариото. Во првиот од тие протести беше демонстриран вандализам со тоа што беше уништен таканаречениот ѕид на плачот и паното на кое стоеле сликите и имињата на Србите кои загинале во нападите на НАТО и ОВК за време на војната на Косово, додека на зградата на РТС било фрлано со јајца.

– Нема шанси во 15 градови одеднаш да избувнат спонтани протести. По сценарио, хаосот требаше да се случи ноќта на изборите. Резултатот да беше тесен, тие веднаш ќе удреа на институциите и ќе се обидеа да предизвикаат нов 5-ти октомври. Сето тоа што го гледаме е синхронизирано и контролирано – вели Владимир Ѓукановиќ, член на одборот за контрола на српската служба за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top