| четврток, 6 декември 2018 |

Инфомакс: СДСМ подготвува насилства и тензии, со тупаници да му се „влезе“ на народот и во Собрание

protesti_

Како што минува времето и како што се соочуваат со поразот што го доживеаја на изборите, СДСМ е под се’ поголем притисок да ги испорача барањата за коишто се уценети. Дел од наркодилерите и мафијашите кои одработуваа за партијата се приведени периодов, но прашање е уште колкумина се на слобода и ги уценуваат Зоран Заев и СДСМ, пишува Инфомакс.мк.

Последниве денови Заев преку сѐ повеќе послушници испраќа пораки до членството дека дошло време насилно да се узурпира волјата на народот и да се реализира тиранската платформа. Според предлозите на послушниците на Заев, не треба да се исклучат и директни пресметки и со политичките опоненти. Очигледно нема цена што СДСМ не треба да ја плати за реализирање на тиранската платформа.

– Они нека се тресат, а не вие. Во политиката победува оној што сам го избира местото, времето и начинот на дејствување. Вака вие само реагирате на нивните акции. Премногу слушате сугестии однадвор. Аеродромски кажано, на силеџии мора да им влезете со тупаници кога најмалку очекуваат – пишува актерот Сашо Тасевски, кој во јавноста важи за отворен поддржувач на Заев и на СДСМ.

Еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, исто така, во очај повикува на насилство.

– Вељаноски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање, ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните – пишува Фрчкоски.

Во заканите се приклучи и Мирослав Грчев, кој ги навредуваше граѓаните кои протестираат нарекувајќи ги „хибернирани кретени“.

– Оваа нискоорганизирана протеинска материја што како од канализација „спонтано“ се истури по скопските улици да протестира во одбрана на својата авторитарна мафијашко-партиска власт, има мемориски капацитет само да го препознае гласот на господарот и веројатно сликата и пластичниот мирис на сендвичот со кој ги хранат. Овие хибернирани кретени се генетска маана на либералната демократија – пишува Грчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top