| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски: Иако Заев беше повикан и од своите пратеници, тој не излезе на говорница да каже што прифатил од платформата

zoran-ilioski-640x374

Пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење што Зоран Заев по сите повици како од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од народот којшто секојдневно е на улиците, така и од пратениците од СДСМ, сѐ уште не излегува да каже дека ја прифатил тиранската платформа.
-Иако пратениците од СДСМ јавно го повикаа Зоран Заев да излезе на говорницата и да каже што прифатил, тој сѐ уште не најде да ги удостои ниту сите пратеници ниту македонската јавност која со право е загрижена – вели Илиоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ повторно се служи со истите сценарија како во минатото кога кукавички ги распродаваше националните и државните интереси и симболи, како што се името, знамето и катастрофалната територијална распределба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top