Во Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
И на осмото продолжение пратениците продолжија со реплики и контрареплики. Најголема дебата предизвика излагањето на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, на што се пријавени 70 пратеници за реплики.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ веќе втора недела го повикуваат Зоран Заев да излезе и да каже што прифатил од платформата, но одговор нема. Исто така за овие прашања одговори бараат и граѓаните кои што секојдневно протестираат на улиците низ цела територија на Република Македонија.
Иако со денови пратениците на секој можен начин се обидуваат да го тргнат вниманието од Тиранската платформа сепак барањата од народот и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа неподносливи за пратениците на СДСМ.
Очигледно дека никој од СДСМ нема намера да излезе и да каже која е цената што ја платиле за да ги добијат потписите од албанските партии иако истите неколку пати потврдија дека Зоран Заев ги прифатил барањата од Тиранската платформа.
Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски рече дека клучот за разрешување на ваквата состојба во Собранието е Трајко Вељаноски.
-Ако работеше деловнички, зборот на 90 отсто од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија, рече Кирацоски, додавајќи дека тие се откажуваат од ова деловничко право.
Тој го потсети Вељаноски на два члена од Деловникот, 89 и 90, според кои треба да ги прекине говорниците доколку тие не се држат до говорот на пратеникот кој земал збор.
Вељаноски рече дека немал право да го ускратува правото на говор на пратениците и наведе дека за реплика на говорот на пратеникот Крсто Мукоски се пријавиле 70 пратеници.
– А за станување од столчето ќе почекате малку, таа желба не ја исполнувам, рече Вељаноски.
Најголем дел од пратениците од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата поради како што рекоа узурпирањето на Собранието од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Единствено останаа лидерот на СДСМ Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Фросина Ременски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.