Поранешната спајсица на суд дала неколку скандалозни изјави во кои тврди дека била жртва на насилство, а воедно и принудена да има секс во тројка. Според зборовите на пејачката однесување на Белафонте било мошне агресивно – ја удирал, ја давел и ја буткал на подот. Освен тоа Мел тврди и дека ја забременил дадилката, па ја натерал да абортира. Таа беше во брак со Белафонте 10 години, а барањето за развод го поднесе минатиот месец.
-Кога ми одеше во работата, Стефан ме тепаше за да ми покаже кој е главен, раскажала Мел Би и додала дека малтретирањето започнало уште во првата година од бракот.
Во 2012-та непосредно пред еден јавен настан, Белафонте наводно и ја распукал устата со објаснување дека требало да мисли што прави, пред да флертува со Ашер. Мел Би и Ашер претходно снимија мало видео за потребите на шоуто X Factor, што мошне го налутило љубоморниот Белфонте.
Додека таа го обвинува за малтретирање, тој повторно негира дека направил нешто.
-Не сум ги слушнал тие претпоставки. Знаете што мислам јас за сето ова…Дали ова е мајката на моите деца? Многу размислувам на тоа како сето ова ќе влијае врз нашите деца како и на фактот до каде е способна да оди. Тоа имам да го кажам. Шокиран сум од нејзиното однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст