Унгарскиот Парламент го усвои законот што предизвика полемика во јавноста, а кој може да доведе до затворање на Централноевропскиот универзитет, што во Будимпешта беше отворен во 1991 година од американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, а кој во меѓувреме унгарскиот премиер Виктор Орбан го претвори во црна овца, пренесоа француските медиуми.
Новиот закон, кој Владата на Орбан на 28 март го претстави во Парламентот, усвоен е во забрзана процедура. За него гласаа 123 пратеници, а против беа 38.
Законот предвидува одземање на лиценцата за работа на странските универзитети и институти, кои не располагаат со кампус во нивните „матични земји“.
Оваа одредба посебно е насочена против Централноевропскиот универзитет – образовна институција што наставата ја изведува на англиски јазик, создадена во Унгарија непосредно по падот на комунизмот за да ја поттикне добрата управувачка практика, упорен развој и социјална трансформација.
Орбан, кој отворено го изразува својот восхит кон рускиот претседател Владимир Путин, оваа наставна институција ја обвини за нарушување на унгарското законодавство.
Заканата од затворање, која виси врз универзитетот, последните денови поттикна големи протести. Повеќе од 900 универзитетски професори и стручњаци од цел свет, меѓу кои и осум лауреати на Нобеловата награда за мир, ја потпишаа петицијата што повикува на повлекување на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст