| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: По предупредувањето од колега од СДСМ дека многу зборувам, отворена истрага од СЈО за мене

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографии на кои се гледа дека Специјалното јавно обвинителство почнува да врши притисок и врз него, но тој додава дека нема да го замолчат.

„СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,

– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,

– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!

Само продолжете, нема да не’ замолчите!“, пишува Милошоски на „Фејсбук“.

antonio-milososki-dokument-sjo-640x853

antonio-milososki-dokument-sjo1

Во петокот Милошоски на „Фејсбук“ информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев, ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

„После настапот на ТВ Телма 📺 со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие 🇲🇰, отколку да бидам награден за велепредавство“, напиша во петокот Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top