| четврток, 6 декември 2018 |

Иднината на технолошкиот напредок

Развој на нови и постоечки производи, унапредување на технолошките капацитети и континуирано инвестирање во преносната и пристапната оптичка и безжична мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, се главните карактеристики и фокус на Неотел.

-Како компанија што повеќе од десет години е дел од телекомуникацискиот пазар во Македонија и која се труди да го следи технолошкиот развој скоро во реално време, имплементирањето на трендовите од глобалниот пазар и адаптирањето на локалниот, е наша преокупација и воедно обврска. Сите овие напори имаат две цели, да понудиме производи за нашите приватни и деловни корисници, во согласност со нивните варијабилни потреби и тоа да го направиме преку врвна и квалитетна услуга. Токму затоа иновативноста во развивање нови производи и технолошкиот напредок остануваат наша определба и за понатаму, велат од компанијата.

Тие континуирано создаваат нови и ги развиваат своите имплементирани производи и понуди, како за приватните, така и за деловните корисници. Со развивање на технолошките капацитети, истовремено континуирано се инвестира во пристапната оптичка мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, како и во надградување на безжичниот интернет пристап од WiMax во LTE технологија.

Сериозните инвестиции во инфраструктурата, технологијата и знаењето, овозможуваат Неотел да е позициониран и на регионалниот пазар со свое директно присуство во повеќе центри, како во регионот, така и во Европа. Ова овозможува компанијата да нуди бројни сервиси за телеком оператори, меѓународни институции, банки, како и за различен тип меѓународни корпорации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top