Момците од „Тајфата“ на чело со Димитар Андоновски викендов што измина го завршија снимањето на видеоспотот за нивната песна насловена како „Седум дена, седум ноќи“. Станува збор за песна на братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски, со кои Димитар соработуваше и низ изминатите години.
Во спотот покрај момците од бендот се појавува и убавата охриѓанка Тијана Зулфи, а режисерската палка припадна на „Веста продукција“.
– Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате прилика да слушнете етно-поп тема, за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, безразлика што настапите од ден на ден се повеќе се зголемуваат – велат момците од бендот.
Промоцијата на видеоспотот е закажана за неколку дена, а дотогаш песната ќе може да ја слушнете на повеќето радиостаници во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.