| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрев ќе го суди дербито Работнички – Шкендија

Меѓународниот судија Александар Ставрев ќе го суди дербито на 25.коло од Првата фудбалска лига меѓу Работнички и Шкендија што во среда ќе се игра во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“. На Ставрев ќе му асистираат: Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека Дејан Димитријевиќ ќе биде четвртиот судија.
Дуелот во Охрид меѓу Пелистер и Силекс ќе го суди Марјан Маркоски, a Димитар Мечкаровски ќе суди во Тетово на натпреварот меѓу Ренова и Вардар.
Јосип Бартон ќе го суди дуелот Македонија ЃП – Победа, додека Далибор Ѓорѓевски ќе биде на центарот на дуелот Брегалница – Шкупи.
Сите натпревари се играат во среда (5.април) со почеток во 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top