САД се подготвени за еднострано соочување со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не помогне, предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг че се сретнат прв пат на Флорида на 6 и 7 април, кога ќе разговараат за Северна Кореја, тензиите во Јужното Кинеско Море и несогласувањата за трговските прашања.
– Кина има големо влијание врз Северна Кореја, Кина или ќе одлучи да ни помогне со Северна Кореја или нема, рече Трамп. – Ако го стори тоа, тоа ќе биде мошне добро за Кина, ако не нема да биде добро за никого, додаде Трамп.
Тој предупреди дека доколку Пекинг не ги реши проблемите со Пјонгјант, тоа ќе го сторат Американците.
Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања лани и се смета дека разработува нуклеарна ракета, со капацитет да стигне до САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст