Полицијата во Колумбија заплени повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што е досега најголема заплена на дрога во таа држава.
– Полицијата му зададе досега најголем удар на организираниот криминал бидејќи заплени 6.134 килограми кокаин во местото Баранкилја. Кокаинот бил наменет за Шпанија, соопшти полицијата.
Дрогата и припаѓала на криминалната група Заливски клан која ја предводи Даиро Антонио Узуга, моментно најбаран криминалец во Колумбија. Неговиот клан е составен од припадници на десничарски паравоени единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.