Не треба да се одржуваат настани на кои нема да учествуваат сите претставници од регионот. Ваков став изнесе еврокомесарот за проширување Штефан Филе по последниот предлог на Романија задутре да организира нов претседателски самит по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го откаже настанот во Охрид.
– Јас ја споменав вклученоста, инклузивноста. Ако станува збор за инклузивен самит тогаш сите претставници од регионот ќе бидат поддржани од нас. Но, ако станува збор за настан што не е инклузивен, тогаш треба да биде избегнат – вели Филе.
Филе не сакаше да коментира дали е добра одлуката на претседателот Иванов да го откаже одржувањето на претседателскиот самит во Охрид, но призна дека Иванов немал многу опции откако претходно присуството го откажаа повеќе балкански лидери.
– Не сум овде да коментирам дали е добра или не. Но, земјаќи ја во предвид информацијата за тоа кој сѐ го откажа своето присуство на самитот на претседатели не останаа многу опции. Тоа што е важно за мене е дека состанокот на министрите е инклузивен, па организаторите ги поддржаа сите учесници и тоа е успех – рече Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево