| четврток, 6 декември 2018 |

Да нема заблуди: Секој шеќер не е лош за здравјето

Шеќерот се наоѓа во речиси сите намирници, во овошјето, пијалоците, алкохолот, лебот…

И додека едни предупредуваат на опасноста од шеќерот, австралиските нутриционисти Алекс Паркер и Ана Дебенхам тврдат дека шеќерот сепак е важен дел од нашата исхрана.

– Се ни е потребно во умерени количества, па дури и солта и шеќерот, велат тие.

На пример, млекото содржи природен шеќер, кој во комбинација со калциумот е добар за нашиот организам.

– Млекото со помалку млечни масти има помалку шеќер и заситени масти, што повторно е одлично ако сакате да ослабете или не сакате вкус на полномасно млеко, велат нутриционистите.

Тие истакнуваат дека многу производи кои се диетални содржат шеќери во себе и дека тоа не значи дека се лоши.

– Луѓето мислат дека некои производи не содржат шеќер, дури и кога во декларацијата стои дека има мед, пченка, јачмен сируп… Овошјето исто така содржи природни шеќери, истакнуваат Паркер и Дебенхам.

Тие велат дека луѓето треба да јадат свежо овошје и храна подготвена дома и дека тогаш нема стравување од скриени шеќери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top