Владеење на правото за успех на државата е третиот принцип во Манифестот за единствена Република Македонија, кој денеска го промовираше ВМРО-ДПМНЕ.
Владеење на правото за успех на државата
-Почитувањето на уставното уредување и законите на целата територија, без селективност, е предуслов за успешна држава. Културата на законитост и на почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата се клучни за владеење на правото – рече Илија Димовски.
Во согласност со Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Индивидуалните права на граѓанинот, но и обврските, се пред сѐ, а од нив се водиме кога креираме политики.
-Сите избрани и именувани функционери имаат обврска за отчет при извршување на државните задачи. За напредок на државата е потребна долгорочна политичка стабилност. Тоа може да се постигне преку мерки за поголема политичка стабилност како бонус од 20 пратеници за победникот на парламентарни избори, во рамките на сегашниот број пратеници и во согласност со Уставот или, пак, со воведување мнозински изборен модел. Принципите од Уставот за заштита на правата на немнозинските заедници на централно ниво доследно да се применува во сите единици на локалната самоуправа и за сите заедници без исклучок, но и без разлика какво е мнозинството на локално ниво – рече Димовски.
Тој рече дека попис да се спроведе без одлагање со цел квалитетно планирање на политиките како и за конструктувен дијалог на меѓуетнички теми.
-Истиот мора да е статистичка, а не политичка операција. Затоа е потребно да се води строго според методологијата на европската статистичка агенција „Еуростат“ и Организацијата на Обединетите нации, вклучително да има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и потврда на идентитет на лицата преку дигитализација на отпечатоците – рече Димовски.
Воведување на механизамите за следење на владеењето на правото на локално ниво, вклучително наплатата на локални давачки и практична примена на законодавството, во согласност со најдобрите европски практики, како и воведување мерки за унапредување на примената на целата територија на Републиката.
-Територијална поделба водена од економско-географски критериуми со цел надминување на недоследностите од политичкото определување на локалните граници – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?