| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Пробиштип: Сопатничката со тешки телесни повреди итно пренесена во болница

Во 11 часот и 30 минути во Пробиштип на крстосницата од улицата „Македонски Револуционери“ и регионалниот пат Р-1205, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Даеву Ланос“ со штипски регистерски ознаки управувано од 58-годишниот штипјанец П.К. и возило „Фолксваген Туран“ со бугарски национални ознаки управувано од 40-годишниот Ј.Е. од Пробиштип.

Во незгодата со тешки телесни повреди и тоа фрактура на вратна десна рамена коска, контузија на глава и огреботина на челото, се здобила сопатничката во возилото „Даеву Ланос“, 37-годишната С.Ј.Б. од Штип.

По овластување на Јавен обвинител, бил  извршен  увид од страна на Полицијата Пробиштип.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top