| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски во Битолски театар

Во вечерашната четврта по ред годинешна премиера ќе настапат актерите Петар Мирчевски, Габриела Петрушевска, Мартин Мирчевски, Катерина Аневска и Филип Мирчевски кои подготвиле интимна и лична претстава, или како што најавија во пресрет на вечерашната премиера, моќна претстава која зборува за уметникот, за слободата, за сите заедно

Драмскиот текст на Горан Стефановски „Дупло дно“, напишан во 1983 година ќе има уште една македонска премиера, овој пат во режија на Ангелчо Илиевски и во изведба на актерите на Битолскиот театар.

Во вечерашната четврта по ред годинешна премиера ќе настапат актерите Петар Мирчевски, Габриела Петрушевска, Мартин Мирчевски, Катерина Аневска и Филип Мирчевски кои подготвиле интимна и лична претстава, или како што најавија во пресрет на вечерашната премиера,  моќна претстава која зборува за уметникот, за слободата, за сите заедно.

– Мислам дека имавме интересен процес на работа и дека направивме претстава комплетна од сите аспекти, сценографија, костимографија, режија, актерска игра и музика, истакна актерот Пепи Мирчевски.

Битолскиот театар во својот репертоар често се мотивира и се посветува на творештвото на македонскиот драматург Горан Стефановски, а текстот „Дупло дно“ според режисерот Илиевски е поактуелен отколку во времето кога бил напишан.

За најновиот театарски проект на Битолскиот театар, изборот на музиката го направи Марјан Нечак, сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата ја подготви костимографот Благој Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top