Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 27 мај 2016 година ќе читате:
Има пари, нема мир
6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС
На платниот список на Фондацијата отворено општество – Македонија, која го присвои невладиниот сектор во Македонија доделени се на 4 и половина милиони евра, додека СОРОС во Македонија само за плати троши околу милион и половина евра. Фондацијата СОРОС дневно само на своите вработени, без дополнителните организации кои ги финансира, за плата има 2.000 евра. На пример административниот директор З.Ц. за 2014 заработил бруто приход од 2.914.462 денари, додека, директорка на програма во Сорос Македонија, С.К.-П., земала 2.091.079 денари. Организациите на платниот список на СОРОС ја претставуваат војската за тероризирање на државата. Во сумите не се пресметани и оние дневници поделени за поттикнување насилствата и обиди за предизвикување судири со полицијата, ниту дневниците делени за кампување пред владата во обидот да се исценира украинскиот „Мајдан“. На платниот список на СОРОС се наоѓаат главните хушкачи, кои се претставуваат како „носачи на слободарската идеја против режимот“, меѓу кои има професори, судии, новинари, наводни граѓански активисти, политичари, но и млади луѓе кои со години се подложени на потполно „перење на мозокот“.
Очаен за власт
Заев се закани со нови „бомби“
Заев најави нови „бомби“, иако не смее да ги има. Фројдовскиот комплекс е одамна дијагностициран кај него, а моментите на отвореност, очигледно, зачестуваат кога лидерот е под поголем притисок. Од „чадорот“, најверојатно. Уште поверојатно, барем искуството вели така, најголемите „глупости“ и, за жал – вистини ги кажува кога нема листови пред себе и кога прес-конференциите му траат повеќе од 10 минути. Така беше и овој пат…
Платеничка револуција
Валканите пари на Сорос не можат да го купат народот
Соросовите платеници никако не можат да се помират со фактот дека со милионите долари валкани пари на нивниот газда никогаш не можат да ја купат поддршката на народот за насилно менување на власта, не можат на ниту еден начин да го оправдаат сојузот на Заев со структури што заговараат промена на името, редефинирање на општествениот поредок и федерализација на државата, како што не можат да ги избришат сеќавањата на граѓаните од времето на катастрофалното владеење на СДСМ. Волјата на народот ниту можат да ја купат со пари, ниту да ја променат со притисоци и закани. Тоа е единствената причина поради која Заев и неговото друштво од криминалци и милионери сè уште бегаат од избори како ѓавол од крст.
Британските евроскептици против проширувањето
Од што се плаши Европа?
Дебатата за проширување на Европската унија што се води за време на референдумот за напуштање на ЕУ во Велика Британија ја покажува целата дволичност на европската бирократија кога се работи за иднината на Македонија и на граѓаните на сите други балкански држави. Ако Велика Британија, која во 2005 година беше најголемиот лобист за статусот кандидат за членство, отворено порачува дека дури и да ги завршиме сите потребни реформи ќе следува вето при влезот, тогаш треба отворено да се запрашаме дали реформите, освен ако тие не се корисни за односите во државата, воопшто треба да се случат.
Шпекулациите за девалвација на денарот го зедоа својот данок
Граѓаните ја вадеа заштедата, сега ја пребројуваат штетата
Хаосот што настана во април со повлекувањето на заштедата од банките и паничното купување девизи од граѓаните, ги наполни џебовите на менувачниците додека ги оштети сите други. Освен штедачите што ја повлекоа заштедата, во загуба беа и луѓето што требаше да патуваат, кои мораа да дадат повеќе денари за да купат девизи поради пораст на нивната вредност во менувачниците. Македонските граѓани загубија 4 милиони евра само во април како резултат на паничното повлекување на депозитите од банките, како и поради претворањето на денарите во девизи. Сето тоа се случи поради лажните шпекулации дека ќе следува сериозно уривање на вредноста на денарот, односно дека ќе има девалвација. Залудни беа апелирањата од Народна банка дека нема место за паника и дека курсот на денарот е стабилен. Загубата не може да се надомести со ништо. Сепак, со брзата интервенција на НБРМ спречено е штетата да биде поголема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


