Основното јавно обвинителство од Тетово заедно со од СВР – Тетово и надлежни инспекциски служби врши увид во фирма лоцирана во слободната индустриска зона, во близина на тетовското село Сарачино, каде што ноќеска се затруени повеќе од 200 работници.
– Утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени повеќе од 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија, лицата, најверојатно, се затруле од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, се жалеле на болки во стомакот, повраќање и на вртоглавица, соопштуваат од Јавното обвинителство на РМ.
Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската, а дел се префрлени во гостиварската болница, за укажување соодветна лекарска помош.
Според првичните информации, затруени се 220 работници од фабриката „Леар“ во ТИРЗ – Тетово, кои биле трета смена на работа. Од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.