| четврток, 6 декември 2018 |

Последна желба му беше да го закопаат покрај неговата мајка -почина малиот Филип

филип

Филип Кванси, детето кое знаело дека умира и чија последна желба била да биде погребан покрај својата мајка, во петокот ја загубил битката против леукемијата.

Малиот од раѓање се борел со разни болести, а минатата година му била дијагностицирана јувенилна миеломоноцитна леукемија, која што не успеал да ја победи.

Умрел мирно во лондонска болница на одделение за палијативна нега, каде ги минал последните денови.

филип2

Филип знаел дека умира и посакал да го закопаат покрај неговата мајка, за да го чува кога ќе умре. Неговата мајка Ањешка починала во 2011. година од рак, а закопана била во Полска.

Поради тоа, таткото на Филип, Пјотр, започнал кампања да собере пари и на своето дете да му ја исполни последната желба. За кратко време успеал да собере 41.000 фунти, доволно за да ја исполни желбата.

-Моето мало дете замина, во моето срце секогаш ќе има празнина, но никогаш нема да биде заборавен и секогаш ќе биде сакан. Искрено се заблагодарувам на поддршката, благодарение на која можев да му ја исполнам последната желба на Филип, да почива покрај својата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top