| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевчани гласни: Не се согласуваме државата да ја водат политичари кои не се откажале од тиранската платформа

кицево

Пред платото на Домот на културата во Кичево и денеска се одржа граѓанскиот протест на здружението За заедничка Македонија”.

На протестот пред присутните се Даме Силјаноски кој во име на граѓанското здружение, обраќајќи се до, како што рече, сите почитувани браќа и сестри, сограѓани Македонинци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, бошњаци… истакна дека целта на сите протести е за заедничка, унитарна Македонија за сите нејзини граѓани.

– Не се согласуваме државата да ја водат политичари кои претходно не се откажале од тиранската платформа. Бараме итно повлекување на платформата и организирање нови избори каде политичките парти отворено ќе ги претстават своите програми, а граѓаните тогаш ќе знаат што е најдоброто за Македонија, рече тој.

Вообичаено протестот продолжи со марш низ улиците на градот Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top