| четврток, 6 декември 2018 |

Полуфинале во двојки за Ѓорческа на фјучрсот во Италија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во двојки на фјучрсот во Италија.

Таа заедно со Американката Бернарда Пера за 55 минути ги победија првите носителки Валентини Граматикопулу од Грција и Вероника Кудерметова од Чешка со 2:0 во сетови.

Првиот сет Ѓорческа и Пера го добија со 6:1 во гемови, а во вториот сет беше 6:3 во гемови.

Во полуфиналето утре ќе играат против четвртите носителки Алис Матеуци и Камила Росатело од Италија. Нивните утрешни протвнички денеска во четвртфиналето ги победија Катарина Херинг од Германија и Полина Лејкина од Русија, со 2:0 во сетови (6:3 и 7:5 во гемови).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top