| четврток, 6 декември 2018 |

Одливот на податоци при кибер напади на Бундестагот може да влијаат врз изборите

бундес

Во текот на февруари германскиот Парламент бил цел на кибер напади, при што се украдени податоди со кои би можело да се влијае на резултатите на сојузните парламентарни избори што ќе се одржат на 24 септември.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, високи полициски претставници тврдат дека при овие електронски напади врз Долниот дом на германскиот Парламент бил предизвикан „сериозен одлив на податоци“, кои би можеле да бидат искористени за политичко влијание во пресрет на парламентарните избори,

Според германската федерална криминалистичка полиција, во текот на минатиот месец електронските пошти и сервери што ги користеле најмалку 10 пратеници во Бундестагот бил ввел на кибер напади.

Полицијата не објавува кој се можните сторители на нападите, но предходно високи германски владини и полициски претставници предупредија дека „кибер криминалци од Русија“ се обидуваат да влијаат на германското јавно мислење со помош на лажни вести и т.н. „ботови“ на социјалните мрежи.

Американските служби за безбедност на крајот на минатата година ги предупредија своите германски колеги дека по урнекот на кибер нападите врз седиштето на американската Демократска партија, може да се очекуваат слични инциденти и во Германија.

Како резултат на кибер напади од се уште непознати сторители во текот на летото 2015 година целата дигитална мрежа и серверите на Бундестагот со денови беа надвор од употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top