| четврток, 6 декември 2018 |

Грција вратила изгубени пари од програма на грчкото МНР

Грчките власти пронашле 2,5 милиони евра кои биле исчезнати од програма на Министерството за надворешни работи во 2008 година.

Овие пари во 2008 година, кога министерка за надворешни работи била Дора Бакојани, биле дадени од страна на Одделот за меѓународен развој и соработка (Грчка помош) на Карипскиот општински центар за климатски промени за спроведување на програми кои не се оствариле.

Парите, како што јави АНА-МПА, ги пронашол амбасадорот Вамвунакис, „по долго и макотрпно пребарување“ и на 24 март, 2017 година биле депонирани во Банката на Грција. Информацијата за депонираните пари е потврдена и со релевантни документи кои се јавно објавени на веб страната на Министерството за надворешни работи.

Прашањата за трошење непотребни пари, скриени сметки и борбата против корупција во Министерството за надворешни работи беа меѓу приоритетите во политиката на сегашниот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top