| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник од Батинци со постаро момче се обидел да ограби казино

СВР Скопје поднесе кривична пријава за А.Т. (20) и за шеснаесетгодишно момче, двајцата од с. Батинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за разбојништво.

На 3 овој месец, во 3.45 часот во казино на ул.„Иван Хаџи Николов“ пријавените со закана со студено оружје се обиделе да го одземат дневниот промет од вработените, но во намерата биле спречени од вработените во обезбедувањето на казиното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top