Кретеноидната флоскула „гасни комори“ беше изустена само првиот ден од протестите од десеттина души кои беа за десет секунди набркани. Соросовите медиуми секојдневно го спинуваат тоа оти немаат за што друго да се фатат, пишува на својот профил на „Фесјбук“ писателот и режисер, Александар Русјаков.
Само на првиот ден, од 31 ден „За заедничка Македонија“, десетина души почнаа да викаат „гасни комори“ и беа за десет секунди набркани, кретеноидната флоскула ниту еднаш веќе не беше изустена, ама соросоидниве медиуми секојдневно го спинуваат тоа, оти немаат за што друго да се фатат. Моржон Чом не пропушта секое прашање да го почне со „гасните комори“. Но, во Македонија сепак има гасни комори. Тоа се коморите на Соросовата медиумска Ал Каеда во Македонија. Нервниот гас таму што се пушта е смртоносен за креативноста -напиша Русјаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.