| четврток, 6 декември 2018 |

Икарди: Останувам во Интер до крајот на кариерата

mauro-ikardi

Маури Икарди со своите игри се истакна како еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот гигант Интер.

Аргентинецот кој во Милано пристигна во 2013 од Сампдорија, за само неколку години успеа да дојде до капитенската лента. Иако минатото лето имаше голем број на понуди од богатите европски клубови, сепак, тој остана во Интер, а тоа планира да го направи на подолг период, односно до крајот на кариерата.

– Имам одговрено многу пати досега. Јас сум голем фан на Интер и сум среќен во Милано, се надевам дека ќе останам во Интер засекогаш. Се согласувам многу добро со Аргентинците во тимот и сите сме обединети во соблекувалната каде што се збори на италијански јазик. Клубот функционира одлично а нашата цел е да се врати Интер на врвот на Европа. Работиме месец по месец, исто така гледаме да доведемеи играчи кои ќе бидат корисни за тимот – изјави Икарди кој изминатава недела тренираше со останатите соиграчи кои не добија репрезентативен повик

– Секогаш ги гледам игрите на националниот тим и јас сум голем фан на Аргентина. Ја сакам оваа држава бидејќи сум роден таму и има прекрасни места кои треба да се посетат – додаде напаѓачот.

Сезонава во Серија А лигата, Икарди на 27 натпревари има постигнато 20 голови и осум асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top