| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција во Грција: Апсења за издавање дозволи за престој и работа

Полицијата на Атика спроведува масовна операција против криминална банда која издава дозволи за престој и за работа на жени од источна Европа преку лажни бракови или граѓански партнерства, во која само вчера се уапсени повеќе од 20 лица.

Дозволите биле издадени од страна на надлежни органи. Полициските службеници, исто така, откриле повеќе од 200 случаи на лажни сертификати за татковство, нелегално посвојување и подведување. Меѓу уапсените има тројца државни службеници, двајца нотари, еден адвокат и еден полицаец.

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА јави дека полицијата денеска ќе соопшти повеќе детали за операцијата, која ќе продолжи и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top