Фејсбук апликацијата доби нова иконка која изгледа како ракета и која, кога ќе се кликне на неа, прикажува нов „њузфид“.
Имено, Фејсбук решил да ги оддели постовите на пријателите на еден „њузфид“ и објави на страните кои сме ги лајкувале на друг.
Новата опција е наречена “Start Exploring” секција и служи за прикажување на постови од страни кои веќе сме ги лајкувале, но и работи за кои Фејсбук смета дека би можеле да ни бидат интересни, врз основа на анализата на нашиот профил
Покрај стандардните постови, во “Start Exploring” табот ќе се наоѓаат и виралните видео – снимки и актуелни, вирални вести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.