Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година изнесува 22.750 денари, а индексот изнесува 102.2.
Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и Градежништво (11.7%).
Ова се професиите со највисоки нето плати:
Воздухопловен транспорт – 60.476 денари
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 49.530 денари
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 45.991 денар
Телекомуникации – 43.981 денар
Производство на хемикалии и хемиски производи – 42.028 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст