Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски, кој што доаѓа од Тетово на собраниската говорница посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за сите граѓани во Република Македонија.
Манојлоски потсети дека токму Никола Груевски беше првиот којшто ги посети поплавените подрачја каде што живеат мнозинство Aлбанци и лично се среќаваше во домовите на оштетените со кои разговараше и ја понуди својата помош.
Имено, Манојлоски посочи дека иако ВМРО-ДПМНЕ еднакво ги третира сите граѓани на Република Македонија, тој рече дека во Тетово македонците се крајно загрозени и немаат ниту најмалку услови за достоинствен живот. Тој запраша какви се правата што ги бараат Албанците кога во местата каде што тие се мнозинство крајно не се почитуваат правата на помалите по бројност заедници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст