| четврток, 6 декември 2018 |

Ни претстои ли катаклизма? Во 2017 „Нибиру“ влегува во нашиот сончев систем

Во последно време низ светскиот интернет простор сѐ почесто се пишува за планетата Нибиру, (односно Планетата девет или Планета Х).

Како што наведуваат вестите, таму некаде, надвор од границите на нашиот сончев систем, постои огромна планета што многумина ја нарекуваат Нибиру. Речено е дека нејзиното доаѓање во нашиот сончев систем со себе ќе донесе катаклизмички последици и огромни промени во атмосферата.

Но, која е реалната вистина за планетата Нибиру? Дали таква планета навистина постои? Или нејзиното постоење, како и тврдењата дека таа ќе влезе во нашиот сончев систем кон крајот на 2017 година се само уште една раширена теорија на заговор?

Рускиот лингвист и истражувач на Светите книги, Захарија Сичин, Нибиру ја опишува како дванаесетта планета во нашиот сончев систем, според сумерската астрономија. Забележува дека таа е дом на екстремно развиена вонземска раса наречена Анунаки.

Интересен е фактот што околу можноста за постоење на планета со слични карактеристики, која гравитира на маргините на нашиот Сончев систем, пишуваат огромен број електронски и печатени статии.

Во 2008 година јапонски научници изјавија дека според нивните пресметки би требало да постои неоткриена планета на оддалеченост од 100 астрономски единици (1 астрономска единица = 149,597,870 km), и е за околу две третини поголема од Земјата.

За мистериозното небесно тело сериозен интерес уште одамна пројавија и повеќе светски новински агенции.

Во 1983 година, Вашингтон пост објави: „Небесно тело со димензии приближни на планетата Јупитер, кое биможело да биде толку блиску до Земјата што има тенденција да стане дел од нашиот Сончев систем, е откриено во правец на соѕвездието Орион.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top