Унгарскиот архитект Ерне Рубик на денешен датум, во 1974 на светот му ја претстави најпознатата играчка за луѓе од сите генерации – Рубиковата коцка.
Професорот вели дека првичната идеја била – да ги натера своите студенти да размислуваат широко.
Коцката прво била наречена „Магична коцка”, од својот креатор. Во 1980 овој изум е прогласен за најдобрата играчка во Германија, Велика Британија, Франција и САД, а оттогаш го добива и денешното име по коешто ја знае цел свет.
Има четири верзии на коцката: основната 2х2х2 (наречена „џебна коцка“), класичната 3х3х3, потоа 4х4х4 (попозната како „Одмаздата на Рубик”) и, онаа за највисоко ниво на интелект – „професорската“ 5х5х5. Oнaa класичната (3х3х3) има нешто повеќе од 43 квинтилиони различни комбинации. Само една од нив е правилната.
Во 1982 почнуваат да се одржуваат и натпревари по склопување на коцката, односно тогаш веќе тоа се смета за спорт. Првиот светски шампион „ја решил задачата“ за 22,95 секунди.
Рекордот е поставен во 2013 година, кога Холанѓанецот Матс Валк ја склопил коцката за 5,55 секунди.
Светските експерти докажале дека играчката може да биде склопена со само 20 потези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст