| четврток, 6 декември 2018 |

Зафирчев: Не го прашаа нардот за знамето, името, територијалната поделба – тоа веќе нема да се случува

zafirchev-1-768x435Сѐ она што го подрива уставно загарантираниот културен и национален идентитет на овој народ, којшто е државотворен и мнозински, не смее да се случува, изјави за Телевизија Нова актерот Васил Зафирчев на денешниот протест „За заедничка Македонија“ во Велес.

-Црвено-жолтите линии се јасни. Оние коишто многу пати во изминатите 26 години независност, токму по пат на вакви политички и коалициски договори, без референдум, без да го прашаат народот, се направија значајни отстапки од она што е наш културен и национален идентитет. Тоа прво беше привремената референца со којашто и ден денес нѐ ословуваат меѓународно, на светско ниво, потоа промената на знамето и ред други политички договори коишто се донесоа на маса, се верификуваа во законодавниот дом, а за тоа народот не излезе ниту на референдум, ниту беше прашан дали се согласува или не со тоа. Така што сѐ она што го подрива уставно загарантираниот културен и национален идентитет на овој народ, којшто е државотворен и мнозински, не смее да се случува, рече Зафирчев.

Тој потсетува дека „За заедничка Македонија“ не е иницијатива којашто говори против правата на етничките заедници, напротив, тие се за мултикултуралноста на нашето општество, за мултиетничноста, за уважување на сите права и слободи.

-Но сметам дека сѐ она што оди во насока на унапредување на правата треба да се бара во рамките на уставно дефинираните одредби на Охридскиот рамковен договор, додаде Зафирчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top