| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчани повикаа на вонредни избори и попис на населението

kavadarci-protest-2Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Светлана Јосифова, историчар, кој повика да се слушне гласот на народот.

-Нема да дозволиме за претседател на Собранието да биде избран човек што не ги признава државните знаме и химна, нагласи таа.

Јосифова побара откажување од тиранската платформа, наметната од други луѓе, како и немешање на европските амбасадори во внатрешните работи на земјава.

– Сега е време кога треба да ја одбраниме татковината, додаде таа.

Кога се работи за заеднички интерес на нашата држава, порача таа, треба да се сплотиме.

-Ова е една голема измама. Не постоеше тиранска платформа пред избори. Таа се појави после избори. Овој народ има своја платформа зацртана во срцето. Не се преговара за име бидејќи имаме име Република Македонија, нагласи Јосифова.

Повика на вонредни избори под итно и попис на населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top