| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Среќен сум за триумфот и мораме да продолжиме во овој стил

angelovski-pred-lihtenstajn

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација очекувано беше задоволен по триумфот на Македонија од 3-0 против Белорусија. Тој истакна дека Македонија мора да продолжи во ист ритам и во следните натпревари за репрезентација да почне да бележи далеку подобри резултати.

„Им честитам на фудбалерите за оваа одлична претстава. Реков и по победата над Лихтенштајн дека нема потреба од еуфорија и дека овој натпревар треба да го одиграме како квалификациски и така и беше. Радосен сум за моите фудбалери, игравме против репрезентација што е 100 места над нас, но на теренот делуваше обратно. Не ни треба еуфорија, треба да продолжиме на начинот кој работиме и се надевам дека националниот тим ќе дојде до подобри резултати во иднина“, рече Ангеловски.

Тој го искоментира и настапот на дебитантот Дарко Чурлинов, кој испиша нова историја во националниот тим со што стана најмладиот кој настапил за сениорите со само 16 години.

„Среќен сум за Дарко Чурлинов, но жал ми е што не даде и гол, бидејќи имаше и шанса во својот прв контакт со топката, се надевам дека на следниот натпревар ќе успее да погоди“, додаде селекторот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top