| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани на браникот на татковината: Еден јазик имаме

ohrid-protest-2

Во Охрид и денеска граѓани преку марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

– Ние имаме еден јазик, платформа не ни треба однадвор… Нема да дозволиме никому да се игра со оваа држава, изјави во име на учесниците на протестот Иван Јанкоски, инаку македонски иселеник во Германија.

Славица Николоска им порача на Македонците со крената глава, сплотени да застанат во одбрана на татковината, сите заедно да кажат „не“ на платоформа направена во туѓа држава, а „да“ за унитарна Македонија.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top