Собраниската седница на која попладневно продолжи расправата по изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е на дневен ред на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија е прекината по барање на БЕСА со цел да се свикаат претставници на политичките парии за да се договорат како ќе се продолжи со работа.
Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски даде пауза од еден час и ги повика на работна средба.
Африм Гаши ги повика пратениците на разумност и да се оди на постепено затворање на техничките постапки.
– Ние сме тука и ги застапуваме интересите на сите граѓани. Два милиони луѓе чекаат да видат какви одлуки ќе донесеме ние. Многу сме далеку од избор на претседател, влада…., да бидеме разумни и постепено да почнеме да ги затвораме техничките постапки, рече Гаши.
Во дебатата попладневно преовладуваа дискусии околу тиранската платформа и употребата на јазиците. Претениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да го претстават договорениот закон за јазиците со албанските партии во земјава, додека од СДСМ забележуваа дека треба да се дебатира за составот на Комисијата.
– Пред да поминеме на каква било друга постапка да го видиме договорениот закон за јазици, не заради нас, туку заради граѓаните, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата сопартијка Нада Ципушева, исто така, потенцира дека треба СДСМ да даде одговор на граѓаните што содржи законот.
Петре Шилегов повика најпрво да се избере претседател во Собранието и влада, која потоа во собраниска процедура ќе го изложи тој закон, кој како што рече, ќе ја штити многу повеќе Македонија.
Томислав Тунтев од СДСМ побара од претседавачот да го одзема зборот на секој пратеник кој го узурпира времето со дебата која нема врска со точката на дневен ред.
– Ова е точка за Комисијата за избори и именувања, вели Тунтев.
Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто е поставена табла на албански јазик на ПИОМ во Охрид.
На оваа седница на дневен ред е и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст