| четврток, 6 декември 2018 |

Јутарњи: Војската на Србија пак станува силна со помош на Русија

srpska vojska

Јутарњи во написот „Путиновиот предизборен подарок за Вучиќ: Србија на руски крила и гасеници” вели дека Москва на Белград му дава моќно оружје, дека српската армија повторно станува силна и дека по повеќе од четврт век Србија на крајот од минатата година го почнала првото сериозно опремување на својата армија.

Како што пишува, со новите набавки од Русија, српската армија сега има околу 250 тенка, додека на пример Германија има 306, а хрватската армија само 72 тенка М-84А4, „што се планира да се намали на сосема недоволните 48″.

Јутарњи во голема мера се занимава со миговите и вели дека за Миг-21 ресурсите веќе завршиле и дека затоа „рускиот подарок од МИГ-ови е сламка за спас што на Србија ќе ѝ го обезбеди клучниот континуитет” во активното борбено воздухопловство и заштитата на воздушниот простор.

Посебно внимание во текстот му се посветува на фактот дека Миг-29 СМ има способност да носи противрадарски ракети Х-31П, со опсег од околу 100 километри, и пишува дека ако бидат набавени овие проектили, Србија ќе воведе уште една нова, значајна борбена способност што драстично ќе ја намали веројатноста за преживување на противничките радарски и ПВО-системи.

„Авионите треба да пристигнат во Србија до крајот на месецот. Сè е спремно за испораката, само се чека потписот на Владимир Путин, што најверојатно ќе дојде на ред за време на посетата на Александар Вучиќ во Москва”, вели Јутарњи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top