| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ и Македонија ќе си ги симнат визите

granica-1

Владата на Босна и Херцеговина денеска ја утврдила предлогот-основата за водење преговори заради склучување договор со Владата на Република Македонија за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји.

Договорот, како што јавува агенцијата ФЕНА, треба да им овозможи на државјаните на БиХ и на Македонија меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај. Граѓаните на двете земји кои имаат намера да останат подолго од 90 дена на територијата на една од државите го регулираат својот престој во согласност со нејзиното законодавство.

Предлогот треба да биде доставен до Претседателството на БиХ, а за потписник на документот е предложен министерот за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top