| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба тешка 120.000 евра во Арачиново

Утрово во 05.15 часот телефонски во ЕИК се јавил Б.С. (20) од с.Арачиново, скопско и пријавил дека три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во куќата на неговиот татко.

Сторителите влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко И.С. (45), го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде што спиел Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.

Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива) од пред два месеци.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top