| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејли колер“ анализира: САД се мешале во македонскиот политички процес

 

Активностите на Џорџ Сорос во Македонија и вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли се предмет на детална анализа во „Дејли Колер“, интернет портал кој што ужива високо реноме кај Републиканската Партија. Во текстот пишува и дека Бејли се сретнал со републиканскиот Сенатор, Мајк Ли во Вашингтон.

Пратениците во моментот истражуваат за мешањето од страна на државата во политичките процес во друга земја.

Ова не е во врска со истрага на Претставничкиот дом и Сенатот за руското мешање на претседателските избори во Соединетите Американски Држави. Наместо тоа, неколку републикански Сенатори и Конгресмени се распрашуваат за партнерството во Македонија меѓу Владата на САД и фондациите создадени од либералниот мега-донатор Џорџ Сорос.

Писмата биле испратени од страна на пратениците до Канцеларијата за Одговорност на Владата, Државниот Секретар Рекс Тилерсон и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Во писмото до Бејли, републиканскиот Сенатор Мајк Ли напиша „Добив веродостојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години, мисијата на САД во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во обликувањето на нејзината медиумска средина и граѓанско општество, често фаворизирајќи групи на едно политичко убедување во однос на друго.“

Минатиот понеделник, Бејли го посети Вашингтон и се сретна со сенаторот Ли и неговиот персонал, изјави порпаролот на Ли за „Daily Caller“. Канцеларијата на Ли не сакаше да коментира што се зборувало на состанокот.

Додека Ли спомена само „веродостојни извештаи“ во неговото писмо во јануари, тој и пет други републикански сенатори, вклучувајќи го Сенаторот од Тексас, Тед Круз и Сенаторот на Џорџија, Дејвид Пердју, беа многу попрецизни во писмото испратено до Тилерсон. Таму тие посочија на директните грантови дадени од страна на УСАИД на Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос.

УСАИД, кој е одговорен за цивилната странска помош, официјално стана партнер со Фондацијата „Отворено општество“. Од 2012 година, Владината Агенција има дадено 1,5 милиони долари во грантови за организации избрани од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и 4.8 милиони долари за лансирање на „Проектот за граѓанско општество“, што се спроведува од страна на ФООМ.

Само во август минатата година, УСАИД објави програма вредна 9,5 милиони долари што ќе трае до 2021 година и ќе биде спроведена во соработка со ФООМ, Метаморфозис, Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет на Македонија. Метаморфозис беше лансиран во 1999 година од страна на Фондацијата „Отворено општество“ и оттогаш стана независна.

Овие милиони долари се трошат во една мала Европска држава со малку повеќе од 2 милиони жители и Бруто Домашен Производ по глава на жител 11 пати помала од САД.

Излегува дека голем дел од парите дадени во грантови во Македонија завршија во поддршка на медиуми кои промовираа политички ставови. Четири медиуми во Македонија – A1on, Плусинфо, Порталб и Окно – се директно врзани за Фондацијата „Отворено Општество“, се вели во нивниот годишен извештај во кој е наведено дека овие медиуми добиле милиони. Покрај тоа, ФООМ и УСАИД се „партнери“ со Центарот за развој на медиуми во Македонија.

Во повикот за грантови од 2012 година на УСАИД „Проект за граѓанско општество“, исто така, се споменува „употребата на новите медиуми“.

Противникот на  „Влијанието на Сорос“ во Македонија е конзервативната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Еден член на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ изјави за „The American Spectator“ дека Фондацијата Сорос „стои зад протестите кои избувнаа во пролетта на 2016 година“.Армијата на Сорос фрлаше камења на полицијата која го штитеше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, тие им делеа ножици на мигрантите надвор од границата за да ја сечат оградата.

Писмото кое на 24 февруари беше испратено до Канцеларија за Одговорност на Владата потпишано од шест републикански конгресмени прашуваат за финансирањето на медиумите од страна на САД во Македонија и дали тие средства поддржуваат насилство. Канцеларијата не одговори по истрагата на конгресмените.

ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во Македонија во 2016 година, сепак, СДСМ коалицираше со ДУИ, партија на етничките Албанци за да добие мнозинство во парламентот. Овој договор со албанската партија би довело албанскиот јазик да стане официјален јазик, а можеби и менување државното знаме, грбот и химната.

Македонскиот пратеник за „The American Spectator“ изјави дека тоа ја уништува Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи протестираа против овие предложени активности, откако актуелниот Претседател Ѓорге Иванов одби да му го даде мандатот на лидерот на опозицијата за формирање влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top