| четврток, 6 декември 2018 |

Украле златник тежок 100 килограми, вреден 3,8 милиони евра

Крадци од трезорот на берлинскиот музеј „Бода“ украле златник тежок 100 килограми, што вреди 3,8 милиони евра, соопшти берлинската полиција.

Ноќта во понеделникот од складиштетот на „Бода“ e украден канадски златник со ликот на британската кралица Елизабета Втора. Сѐ уште се трага по крадците, стои во соопштението.

Златникот наречен „Голем лист јавор“ е втор по големина златник во светот.

Специјалната единица на берлинската полиција задолжена за решавање на кражби на уметнички дела ја води истрагата за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top