| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Алексеј Навални ќе остане во притвор 15 дена

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални ќе остане во притвор 15 дена.

Oваа казна му ја пресуди судот во Москва, кој го прогласи за виновен по обвинение за непочитување на легитимните барања на полициските службеници при неговото апсење за време на неовластениот митинг во центарот на главниот град, соопшти ТАСС.

img-327022

Навални треба да плати парична казна во износ од 20 илјади рубљи (330 долари).

Околу илјада лица се приведени вчера во Русија, во серијата протести против корупцијата во земјата.

Нивни организатор беше Навални, кој ги повика граѓаните да се вклучат во демонстрациите и покрај забраната на властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top