О.М. (39) од Куманово и Б.К. (47) од Рашче вчера одзеле 10.000 денари, два мобилни телефона и возило „Рено сеник“ од викендичка во Зубовце, откако претходно ги врзале нејзиниот сопстевник З.С. (52) од Куманово и неговиот пријател В.Д. (65) со електричен кабел.
Според МВР, О.М. насилно, заканувајќи се со пиштол, на З.С. и В.Д. најпрво им наредил да влезат внатре каде што веќе бил Б.К. По ова, ги врзале со кабел, извршиле пребарување и кражба.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против двајцата разбојници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст