Со премиера на претставата „Театар љубов моја“, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес вечерва на малата сцена ќе го одбележи Светскиот ден на театарот 27 март.
Како што информира Васил Зафирчев уметнички директор на театарот, претставата е работена по текст на бугарскиот автор Валери Нисимов Петров, во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димовски.
Драмата „Театар љубов моја“ е напишана во 1981 година од Валери Нисимов Петров, бугарски поет, драматург, сценарист и преведувач, а за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова и првпат е изведена истата година.
-Последен пат е поставена минатата година во Софискиот „Театар 199“ во изведба на четири актерки, а со четири актерки ќе се игра и во велешкиот театар што е воедно и праизведба на оваа претстава во Македонија – рече Зафирчев.
Како што појасни режисерот Деан Дамјановски ова е текст за весела и тажна претстава, која е изградена како беседа на две актерки, односно сега четири со публиката.
-Во претставата тие се обраќаат кон публиката или меѓу себе, со помош на аудио-технологијата и актерските средства разигруваат епизоди од театарскиот и животот воопшто. Тоа се четири различни актерки, четири различни генерации, сензибилитети на сцената, која претставува актерска „грамиорна“-место каде актерите се шминкаат и преоблекуваат, но и место каде се раѓаат митовите и легендите за театарот, појаснува Дамјановски.
Актерката Кица Ивковски изјави дека е многу среќна што со наменска претстава насловена „Тетар љубов моја“, за театарот кој го сака и е нејзина љубов, ја заокружува својата театарска кариера и од есен оди во пензија.
– Целиот мој живот е љубовта кон театарот, и не секој го има тоа задоволство. Јас нема да раскажувам за мојата ролја, туку ја поканувам публиката тоа да го погледне, повика актерката Ивковска.
Во претставата освен Ивковска играат и актерките: Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев и музиката на Сашко Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст