Наглото опаѓање на утринските температури ќе биде ризично за расцветаните овошки. Доколку се спуштат под нулата можат да настрадаат кајсиите и бадемите. Опасност неделава има и од можната појава на пролетните мразеви.
Топлото време и високи температури ги расцветаа бадемите и кајсиите, а кај овошките долж Повардарието почна и формирањето на плодот.
Во оваа фаза на развојот најчуствителни се кајсиите кои трпат штети и на температури пониски од 0, а бадемот од минус 1 степен.
Промената на времето неделава што ќе ги спуштата утринските температури блиску или под нулата во повисоките региони како Малешевијата каде што вегетацијата сеуште мирува не се критични, но ризик од евентуални штети од измрзнување сеуште постои.
Препорака до земјоделските производители е да ги следат дневните прогнози и советите на агрометеоролозите и да преземаат соодветни мерки за заштита од пролетниот мраз.
Очекуваните врнежи од дожд нема драстично да влијаат на состојбата со влага во почвата која во овој момент се одржува на ниско ниво, особено во површинскиот слој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студено време со врнежи од снег, в среда температурите ќе паднат под минус 10 степени
-
Од ниските температури најмногу настрадаа лозовите насади, овошките и оревот
-
Најавени итни мерки за овоштарите: Владата на вонредна седница ќе ги разгледува штетите од ниските температури
-
Осми јануари еден од најстудените денови во изминатите 66 години