По победата на гостувањето против Лихтенштајн, македонските репрезентативци утре од 18 часот на „Телеком арената“ во Скопје ги очекува пријателскиот натпревар со Белорусија.
Навидум безначаен контролен дуел, но за националниот тим и тоа како важен за дополнително зголемување на самодовербата во тимот, зацврстување на желбата конечно да почне да се забележуваат победи и дополнителен мотив за натамошниот тек на квалификацискиот циклус.
„Не очекува пријателски натпревар со Белорусија, но за нас според приоритетот е како и квалификациски дуел. Ќе им дадеме шанса сега и на некои други фудбалери кои немаа доволно минутажа претходно. Повикан е и младиот Дарко Чурлинов затоа што е екстра талент и мислам дека и понатаму ќе им давам шанси на млади таленти“ – истакна селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот.
Желбата е секако да се дојде до триумф и против Белорусите, и покрај тоа што се далеку подоброрангирани од нас на ФИФА листата.
– Белорусија е речиси 100 места над нас на листата на ФИФА но сигурно дека можеме да им се спротивставиме и да оствариме позитивен резултат. Нашата цел е победа пред домашната публика со која дополнително ќе се добие елан за продолжението од актуелниот квалификациски циклус – вели Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија